Глобалната побарувачка за јаглен продолжува. Во најновата прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) се гледа дека побарувачката за јаглен ќе се зголеми на речиси 8,9 милијарди тони до 2027 година, и ќе биде околу еден процент повисока од минатогодишното ниво во 2024 година. Ова автоматски ја поништува минатогодишната проценка дека побарувачката за јаглен ќе почне континуирано да се намалува оваа деценија, пишува Политика.рс.

Реалноста би можела да ја надмине сегашната проценка, бидејќи побарувачката постојано ги надминува прогнозите на ИЕА во последните години, пишува Блумберг. Тоа е удар за светските лидери кои пред три години прогласија дека е на повидок крај на јагленот на разговорите за климата во Глазгов.

Иако побарувачката за фосилни горива во светот ќе се намали поради зголеменото воведување на турбини на ветер и соларни панели, ниту тоа рекордно темпо не беше доволно да го запре, а камоли да го смени растот на јагленот, јавува Агенцијата за енергетика на Србија.

Сето тоа се само флоскули кои ни најмалку не помагаат во креирањето и спроведувањето на оптимална стратегија за развој на енергетскиот сектор на Србија – вели Слободан Ружиќ, доктор по електротехнички науки, консултант во компанијата „Енерџи заштеда груп“, поранешен долгогодишен советник на министерот за енергетика.

Според последните информации, некои од најголемите американски финансиски институции како Морган Стенли, Ситигруп, Банката на Америка, Голдман сакс груп и Велс Фарго се повлекле од алијансата против употребата на нафта и гас и за нето нула емисија на CO2.