Во тек е јавниот повик и за третата мерка од ИПАРД 3, за поддршка на инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба со вкупен буџет од 14 милиони евра. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средства…
Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да аплицираат на новиот јавен повик од ИПАРД 3.
Огласот се однесува за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
Прифатливи за кофинансирање се 50 проценти од трошоците за набавка на опрема услуги, градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти.
Инвестициите треба да се од најмалку 50 илјади до најмногу еден и пол милион евра за поединечен проект.
Приоритет ќе имаат вложувањата за преработка на млеко и млечни производи, месо и месни производи, за јајца и за живина.
Пари ќе има и за преработка на овошје и зеленчук, житарици, мелнички производи и вино.
Земјиштето на кое се планираат објектите треба да е во сопственост на барателот на средствата или да е земено под закуп или концесија за најмалку 7 години од денот на аплицирањето.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 28-ми мај 20224.