Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги инфомира земјоделците, производители на пченица и јачмен, дека во тек е пријавувањето за финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно производство од родот 2023 година.
Финансиската поддршка за мерката финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно производство од родот 2023 година може да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година го имаат складирано кај регистриран складиштар.
Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на рачно пополнер образец.
Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен. Крајниот рок за поднесување на брањето за финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно рпоизводство од родот 2023 година е до 15 декември 2023 година.
Во прилог на барањето се доставуваат договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицата и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот, пак, на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.
Како прифатлифи количини се максимум складирани 5.000 тони од земјоделско стопанство одделно за пченица и за јачмен, максимум прифатлива количина 5 тони од хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100 % од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари за тон за еден месец.
Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на резервите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање образец, кој е утврден од Агенцијата.
Земјоделците образецот за поднесување барање, потврдата и образецот за достава на податоци од страна на складиштарот може да ги преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во делот директни плаќања 2023 – обрасци.