Градот Виена има намера да го охрабри угостителството со ваучери од 50 евра по домаќинство, чии капацитети повторно ќе работат од петок по пауза од два месеци.
Сите домаќинства ќе добијат ваучер за 50 евра од средината на јуни, најави градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг.
Тој рече дека сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член за 25 евра, кои ќе можат да се користат до крајот на септември во ресторани и кафулиња кои учествуваат во таа акција.
Единствено што нема да може да се плати со ваучер се алкохолни пијалоци, беше објавено. Оваа акција ќе го оптовари градскиот буџет за 40 милиони евра, но градоначалникот вели: „Можеме да си го дозволиме“.
Тој додаде дека ова е, меѓу другото, затоа што финансиите добро се управувале во претходните години. Тој потсети дека виенската угостителска индустрија носи околу 1,4 милијарди евра секоја година.
Претседателот на Стопанската комора во Виена, Волтер Рак, изјави дека ваучерите се поттик за рестартирање на угостителството, но тој не сакаше да шпекулира колку ресторани ќе започнат со работа во петок и колку од нив ќе можат да ја преживеат кризата на среден рок.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк