Во вторник на 10.01.2023 се одлучува во Собрание на Р.Македонија за враќање на ЕВН на народот и во државна сопственост.

Од стопанска Комора за Енергетика на Македонија бараат пратениците да ја прифатат и усвојат граѓанската иницијатива, за се што ЕВН одзела, да го врати на народот и државата.

„Бараме пратениците да ја прифатат и усвојат ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА и се што ЕВН го одзела и сеуште одзема да се врати на народот и државата… Сега ќе видиме кој ПРАТЕНИК е добро платен од ЕВН и ќе гласа ПРОТИВ ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА, против народот и против државата… Овој народ ќе биде сиромашен и беден се додека мрежарината и ел.енергијата ја има ЕВН и зависиме од ЕВН да прави како сака и што сака со сметките…

Ние ДОКАЖАВМЕ и сеуште имаме многу докази дека НИКОЈ ниту го контролира, ниту нешто му може на ЕВН и прави што сака МОНОПОЛИСТИЧКИ со овој народ…,. се вели во соопштението на Стопанска Комора за Енергетика на Македонија.