Новата кинеска берза, која наскоро ќе биде формирана со спојување на постојните берзи во Шенжен, Хонг Конг и Шангај, ќе биде сериозна конкуренција на Вол Стрит.
На тој начин Кина ќе стане многу привлечно место за големите инвеститори и Њујоркшката берза треба да се подготви за силна конкуренција.
Се очекува дека ќе има спојување на трите големи кинески берзи во Шенжен, Хонг Конг и Шангај, а со тоа ќе се формира глобален берзански центар кој ќе може да се натпреварува со Вол Стрит.
Во случај на обединување, вкупната капитализација на кинеската берза ќе достигне 13 милијарди долари, со тоа ќе стане втора по големина, по Њујоркшката берза (16,5 милијарди долари).
Кинескиот пазар отсекогаш бил интересен за инвеститорите, но трговијата на берзите се одвиваше “зад високи ѕидови”, а самиот пазар е поделен на три дела.
На берзите во Шангај и Шенжен право да вршат трговија имаат само граѓаните на Кина, додека пристапот за странците е ограничен, за разлика од Хонг Конг, каде тргуваат и странските инвеститори.
Во ноември минатата година се формира првата врска помеѓу берзите во Шангај и Хонг Конг, така да инвеститорите од целиот свет имаат шанса да купуваат и продаваат акции во Шангај, преку берзата во Хонг Конг.