Франкфурт (Ројтерс) – Фолксваген ќе ги адаптира трите германски фабрики за изградба на електрични автомобили, бидејќи најголемиот производител на автомобили во Европа по продажба, започнува со масовно производство на возила со нула емисија на штетни гасови, како главната стратешка траекторија по скандалот со измами.

Германската компанија во средата соопшти дека фабриката во Емден, која во моментов го гради VW Passat, ќе произведува електрични автомобили од 2022 година па наваму, а и фабриката во Хановер ќе почне да ги прави истата година.

Во фабриката во Хановер ќе се одржува извесно производство на возила со мотори со внатрешно согорување, покрај производството на батерии, објави VW.

“Ние се движиме со голема брзина во производството на електрични возила, а Емден и Хановер ќе бидат уште моделски погони во Германија. Заедно со Цвикау, тие ќе ја формираат најголемата мрежа за производство на електрични возила во Европа”, изјави Гунар Килиан, член на одборот на Фолксваген кој е одговорен за персоналот.

VW обезбеди гаранции за работа до 2028 година за вработените во фабриките Емден и Хановер и ќе потроши за обука на работници околу 1,2 милијарди евра во Цвикау.

Фабриката во Цвикау во источна Германија ќе започне да гради електрични автомобили за три од сопствените брендови на групата од крајот на 2019 година, додаде VW.

Околу 7.700 вработени во Цвикау се обучуваат за собирање на Фолксвард ИД, првиот автомобил кој ќе се произведува на основите за електрични автомобили на компанијата МЕБ. Ќе следи модел познат како ID CROZZ – кросовер семеен автомобил.

До крајот на 2020 година, Цвикау ќе има дневен производствен капацитет од 1.500 возила, правејќи шест модели на електрични автомобили, соопшти VW.

Плановите за адаптирање на фабриките за производство на електрични автомобили зависи од одобрението на надзорниот одбор на VW, кој ќе се состане в петок за да разговара околу плановите, соопшти компанијата.

VW направи радикална стратегија за промена кон производство на електрични возила откако регулаторите во САД утврдија намерно лажирање на тестирањето на емисиите на возилата.