Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во понеделникот, потпомогнати од закрепнувањето во технолошкиот сектор и растот на акциите на производителите на метал, откако Вашингтон воведе царини за увоз на челик и алуминиум.
Dow Jones порасна за 0,38 отсто, на 44.470 поени, додека S&P 500 порасна за 0,67 отсто на 6.066 поени, а индексот Nasdaq за 0,98 отсто, на 19.714 поени.
Порастот на индексот делумно се должи на зголемувањето на цените на акциите на производителите на челик и други метали, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, покрај постојните давачки. Цените на акциите на различни производители на метали од Alcoa, преку Nucor, US Steel, Steel Dynamics и Cleveland-Cliffs пораснаа меѓу 2 и 18 отсто.
Значително пораснаа и цените на акциите на производителите на чипови и други технолошки компании поврзани со вештачката интелигенција, кои беа под притисок во последните недели. Така, цената на акциите на Nvidia се зголеми за речиси 3 отсто, а на Broadcom за 4,5 отсто.