Berkshire Hathaway ќе го поддржи Occidental во наддавањето за Anadarko во износ од 38 милијарди долари
Компанијата на милијардерот Ворен Бафет Berkshire Hathaway АД ќе инвестира 10 милијарди американски долари во Occidental Petroleum Corp во Тексас, за да му помогне да се бори во битката за Anadarko Petroleum Corp. во потфат вреден 38 милијарди долари, објави Блумберг.
Berkshire Hathaway ќе добие 100 илјади преференцијални акции во Occidental. Одлуката за инвестицијата е најавена само ден откако Anadarko се согласи на сериозни преговори со Occidental Petroleum Corp, иако претходно овој месец компанијата прифати и пониска понуда од Chevron Corp.
Значително помалите ресурси на Occidental ја прават понудата повеќе ризична за акционерите во Anadarko во споредба со предлогот на Chevron, една од двете најголеми енергетски компании во САД заедно со Exxon Mobil.
Предлогот на Шеврон изнесува 33 милијарди долари.
Occidental ја објави својата понуда во текот на изминатата недела, поставувајќи го почетокот на необичната битка на наддавање, откако нејзиниот предлогот неколку пати беше одбиен од раководството на Anadarko.
“Пред да се појави оваа понуда, сметав дека Chevron ќе треба да ја зголеми својата понуда за да биде конкурентна”, изјави Бил Нигрен, главен инвестициски директор во Harris Associates, која управува со средства од 120 милијарди долари и држи 3-процентен удел во Анадарко.
Инвестицијата и дава на Berkshire приоритетни акции со специјално право на дивиденда и право за купување на обични акции, стратегија која Бафет ја користел при купување на удели во Bank of America Corp.