Беркшир Хатавеј на Ворен Бафет го купи својот прв влог во Амазон оваа недела. Но, акциите на компанијата не се единственото нешто што Бафет сака од извршниот директор Џеф Безос.

Инвестирачкиот гуру сака да добие трансфузија на крвта на Безос, ако може, изјави тој на шега со новинарите за време на годишниот состанок на акционерите во Беркшир во Омаха, Небраска.
Бафет одговараше на прашањата на голем број новинари, и го опиша дигиталниот трговски гигант како “апсолутно чудо”, за разлика од било што друго во корпоративниот свет.
Безос “продолжи да гледа во она што доаѓа и виде што е можно, а тој е неверојатно”, рече Бафет.
Тој, исто така, потсети на времето кога пред една деценија налетал на Безос . Бафет се сетил на средбата, но тој веднаш не истрчал да купува акции од Амазон. Тоа не е во стилот на политиката на Беркшир Хатавеј – да се обложуваат на млади стартап-и.
“Ако ми ги дадевте првите 100 дипломирани студенти на Стенфорд, бизнис школата во Харвард, не би знаел како да ги одберам оние што ќе станат корпоративни планери”, рече Бафет. Но, “ако ми покажете некој кој води бизнис 30 години и го рекламира тоа агресивно, можам да го дознаам тоа”.

До оваа недела, “Беркшир” на Бафет никогаш не купи акции на Амазон на своето почитувано портфолио. Тој му кажа на CNBC дека бил “идиот” за тоа што не го направил порано – но не била негова идејата да го сменат курсот.
“Еден од соработниците во канцеларијата кои управуваат со пари” донесе одлука, рече Бафет. Тој мислеше на главните инвестициски менаџери на Беркшир Хатавеј, Тед Вешлер или Тод Комбс, според CNBC.
Не е јасно колку Беркшир Хатавеј има акции во Амазон. Точниот износ ќе биде објавен во јавните поднесоци подоцна овој месец, рече Бафет.