Вработените кои се спротивставуваат на новите технологии и канцелариски алатки може да го забават целиот тим, се вели во статија на Волстрит џурнал.
За да се доближат ваквите вработени до новите технологии и на еден начин да се „осовременат“, треба да се разберат нивните психолошки приговори на новата технологија и да им се помогне да ги видат придобивките од прва рака, се вели во извештајот. Ако промените не се одвиваат добро, технолошките противења на вработените може да предизвикаат загриженост во поглед на неспособноста или губењето на статусот, што претставува закана за чувството на идентитет на корисникот, според студијата од март.