Пред Владата се поставени четири шатори на вработени во државната фирма Еврокомпозит кои што бараат да им бидат исплатени 18 плати.
Се жалат, исто така, на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.
„Еврокомпозит“ е дел од десетината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11-ти Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници.
Единствено „Еврокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 вработени во фирмата сега остана околу 280 вработени.