Незадоволни од декемвриската заработувачка, повеќето работници од првата смена на фабриката „Горење“ во Ваљево го прекинале производствениот процес на еден час, потврди за Н1, Марина Павловиќ од синдикатот Независност „Горење“.
Прекинот на работа, вели таа, бил спонтан и без учество на синдикатот. Павловиќ вели дека работниците се незадоволни пред се од ниските плати, а потоа и од систематизацијата на работните места и условите за работа. Претседателот на Здружението на слободни и независни синдикати (АСНС) во оваа ваљевска фабрика, Ненад Ѓурѓевиќ, за ваљевскиот интернет весник Колубарске.рс изјави дека речиси илјада вработени на 15 јануари добиле минимална плата, што е причина за суспензијата на работа.
Ѓурѓевиќ рече дека го информирале седиштето на АСНС во Белград за проблемите и незадоволството на работниците и оти очекуваат директни контакти од Белград со раководството на „Горење“. Н1 неофицијално дознава дека преговорите меѓу претставниците на работниците и раководството на фабриката „Горење“ почнале и ќе продолжат.