Вработените во Агенцијата за катастар на недвижности добија право на исплата на 13 плата. Тоа им е овозможено со Анекс на Колективниот договор за вработените во Катастарот со синдикатот на УПОЗ.
Со овој Анекс на Колективниот договор на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности им се овозможува право на 13 плата согласно исполнети законски услови како и правото од Јубилејна награда за контуинирана работа кај ист работодавач и тоа за: за 10 години – 50% од просечна плата; за 20 години – 100% од просечна плата; за 30 години – 150% од просечна плата и за 40 години – 200 % просечна плати.
– Од 1 јануари 2024 година на сите вработени во АКН со овој анекс ќе им се зголеми додатокот на плата за 5% и истиот сега ќе изнесува 20 % на основната плата, со можност на надминување на нормативната работа за добивање на дополнителни 10%. На овој начин Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажа како се унапредуваат правата од работен однос како единствен репрезентативен Синдикат во Агенцијата за катастар на недвижности – велат од УПОЗ.