Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Ве известуваат дека на ден 20.03.2022 година (Недела) ќе одржат општ протест со своите членови, вработени во АД Пошта на Северна Македонија. Протестот ќе се одржи во 12.00 часот започнувајќи пред платото на Дирекцијата на АД Пошта на РСМ, каде потоа учесниците на протестот ќе се упатат пред Влада на Р.С. Македонија.

Оправданоста на донесената одлука, произлегува од крајно алармантната состојба во А.Д. Пошта на Северна Македонија, поради долгогодишното непочитување на работничките права и економско-социјалните интереси на вработените, одоносно, соочени сме со енормното зголемување на трошоците за живот во земјава кое како последица драстично ја намалија куповна моќ на жителите. Во вакви услови вработните во Пошта со нивните ниски плати кои кај повеќе од 70% од вработените се под или на ниво на минимална плата, не се во можност да обезбедат егзистенција и пристоен живот за нивните семејства, а особено имајќи го во предвид фактот што платите на вработените во Пошта не се покачени повеќе од 30 годиниЗатоа, повеќе од неопходно  е потребно итно покачување на платите на вработените во Пошта.

Покрај незадоволството и револтот на вработените од 30 годишното непокачување на платата, од ден на ден се повеќе е изразена нивната загриженост за иднината на компанијата и незадоволство од долгогодишните супстандардни услови за работа и необезбедени средства и опрема за работа.