Нашиот однос со клиенти, партнери и вработени е правичен и отворен. Ги применуваме истите принципи и во нашиот процес на вработување. Внимателно постапуваме при секој чекор од нашиот процес на селекција… и го очекуваме истото и од вас.
Главно, бараме луѓе кои се заинтересирани за работа директно со нашите клиенти, како наши Советници за (бизнис) клиенти. Сите апликанти поминуваат низ стандардниот (истиот) процес на селекција; оние што успешно ќе го поминат добиваат договор за вработување и можност да учествуваат во шестмесечниот процес на Воведна обука во меѓународна средина.
За нас е важно да пронајдеме луѓе кои се поистоветуваат со нашата групација и кои знаат како е да се работи за ПроКредит. Ве молиме посетете ги деловите „За нас“, “Работењето со нас“ и “Нашиот пристап кон вработените“ пред да се одлучите да аплицирате.
Нашите критериуми:
- Дипломирани лица и професионалци со искуство (незадолжително во банкарството!)
- Сите академски позадини како што се економија, инженерство, општествени и хуманистички науки
- Добро познавање на англискиот јазик.
Ние нудиме:
- Работно место и професионален развој во единствената Германска банка во Македонија
- Динамична и проактивна работна средина
- Процес на обука организиран во странство во првите 4 месеци од договорот за работа
За повеќе информации проверете тука.