Шефот и основач на Facebook Марк Закерберг , за време на сведочењето пред Конгресот на САД, заработи цело богатство. Откако стана јасно дека конгресмените немаат никакви намери да преземат казнени мерки кон Facebook за скандалот со Cambridge Analytica за скандалот за злоупотреба и анализа на личните податоци на над 85 милиони корисници, акциите на Facebook достигнаа историско ниво на берзите во САД.

 

 

Facebook наместо да се соочува со владини проблеми, казни и нова законска регулатива, сега ужива во огромен скок на акциите, а од тоа огромен ќар има и самиот Закерберг кој во текот на сведочењето истакна дека му е жал за сите проблеми, но не откри никакви детали во однос на начинот на кој компанијата ги третира личните податоци на корисниците.

Закерберг за едно сведочење пред Конгресот успеа да го зголеми своето богатство за неверојатно 3 милијарди долари благодарение на скокот на вредноста на акциите на Facebook.

Извор: Фактор