Најпопуларната крипто валута во светот Бит-коинот ја зголеми својата вредност на 11 000 долари, што е двојно повеќе од падот на 6000 долари, кој го имаше на почетокот од месецов. Ова доаѓа после веста дека непознат инвеститор откупил Бит-коини во вредност од 334 милиони долари, во периодот помеѓу 9 и 12 фебруари. Ова големо откупување проследи откако претходно огромните продажби на крипто валутата избришаа повеќе од половина од пазарот на дигитални валути.
Повеќе од 80 проценти од крипто-валутите според платформата Coinmarketcap’s 100, ја зголемиле својата вредност. Сепак тие укажуваат на фактот дека криптовалутите се сеуште инвестиции од висок ризик и нивната вредност може да падне на нула во било кој момент.
Еден интересен факт е дека во вкупниот број на пребарувања на Гугл, фразата “buy bitcoin”, е пребарана три пати повеќе отколку што била фразата “buy gold” за време на глобалната финансиска криза во 2008 година, кога луѓето купуваа злато со цел да ги спасат своите парични резерви.