Вредноста на еврото порасна денеска, откако италијанскиот претседател Серџо Матарела вчера одби да дозволи формирање на влада на партиите М5С и Лига.
Можноста за формирање на влада која ќе го отвори прашањето за членство во еврото во една од најголемите држави членки на ЕУ предизвика неколкудневна паника на финансиските пазари во Европа. Но, претседателот Матарела ја одби предложената влада, токму поради вклучувањето на министри кои се критичари на италијанското членство во ЕУ.
Како резултат на потегот на Матарела, кој веројатно ќе доведе до предвремени избори во Италија, еврото порасна за 0,6 проценти и достигна вредност од 1,1728 долари. Претходната стапка на еврото беше најниска во однос на доларот во изминатите шест и пол месеци.