Bitcoin, Ethereum, Ripple и останатите криптовалути забележаа голем пораст на вредноста во последната недела, а само во последните 24 часа вредноста на Bitcoin се зголеми за 13% и сега цената изнесува скоро 10.000 американски долари.
Криптовалутите почнаа со опоравување по огромниот пад на вредноста кој го доживеаја при почетокот на оваа календарска година.
Вредноста на Bitcoin и понатаму е помала од висините кои ги достигна во декември, кога таа изнесуваше скоро 20.000 долари, но е исто така многу далеку од драматичниот пад кој го доживеа во месец јануари. Освен Bitcoin, сите други криптовалути (повеќе од 50) забележаа пораст на вредноста, а неколку од нив имаа зголемување на вредноста за повеќе од 10%.
Пазарот на криптовалути во последните месеци беше исполнет со многу подеми и падови, па тоа направи луѓето да инвестираат претпазливо и да не ги вложуваат сите пари во оваа интернет-економија. Сепак, порастот на вредноста на Bitcoin од преку 700% во последната година ги охрабри да веруваат дека заработката е голема, па затоа пазарот се зголеми и сега има многу поголем наплив на пари кои секојдневно влегуваат на берзата.
Иако не ги достигнува вредностите и цените на криптовалутите од крајот на минатата и почетокот на оваа година, сепак оваа фаза може да се опише како „преодна“ и се очекува полека пазарот да се стабилизира во наредните месеци.