Граѓаните да се воздржат од отворање на сомнителни линкови
Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава на социјалните мрежи каде што непознати лица преку нивните приватни имејл адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб-страници и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Тие им сугерираат на граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер во согласност со нивните интерни процедури за сајбер-безбедност
Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава на социјалните мрежи каде што непознати лица преку нивните приватни имејл адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб-страници и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.
Најчесто кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали. Во објавите се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од нив со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на криптовалути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.
Овој тип на линк најчесто води до веб-локација која претставува платформа за тргување со криптовалути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите.
За регистрацијата не е потребна лозинка, а потоа се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Овие линкови законски се покриени, бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување. Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција.
Низ Европа оваа кампања е мошне распространета на социјалните мрежи Facebook и Instagram, но се приспособува засебно во секоја земја. Во шемата се вклучени многу лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со криптовалути, каде што се вели дека ја знаат тајната како брзо да се дојде до заработка.
Од овие причини Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи. Тие им сугерираат на граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземаат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер во согласност со нивните интерни процедури за сајбер-безбедност.