Како влеговме во ова казино, што ќе се случува понатаму и како да се заштитиме? На овие прашање одговорот го дава Б. Фејерстин, британско-американски инвеститор, банкар и писател, а неговата анализа ја објавиja од „Russia Today“.
Ви пренесуваме делови од таа анализа:
„Турбуленции на пазарот, откако почна приказната со Ковид-19, предизвика ‘флеш-бек’ во мојата глава, од една криза до друга во последниве 40 години. Сите тие се вклопуваат во рамките на измамата и криминалната политика на Волстрит, а вирусот е последната капка која што ја прели чашата.
Минатата седмица разговарав со млади трговци и акционери кои што моментално работат во Волстрит. Се сеќавам дека им кажав: „Во мојата кариера на Волстрит, последен пат се сеќавам на слична нестабилност на пазарот пред 40 години. Сега повторно ми блесна пред очи.
Следеа 30 секунди молк, а потоа додадов: „Всушност, нестабилноста која ја видовме од средината на февруари е без преседан. Во историјата ништо слично како ова не се случило. По 12 години што се искачувавме по скалила, сега сме турнати од таа висина во отворот на лифтот…
Минатата есен ги предупредив инвеститорите дека германската економија опаѓа и дека е во рецесија или пак наскоро ќе се најде таму. Предупредив и на италијанскиот долг кој што е голем проблем и дека останатите членки и остатокот од светот не се далеку позади Германија.
Сега, во март, може да се очекува и мора да се подготвиме за вистинска економска депресија.
Банките, политичарите и владите ќе ја префрлаат вината на Ковид-19 и така ќе ‘исчистат’ над 30 години фискален дефицит, несериозна монетарна полтика, измама и недостаток на регулаторна имплементација за себе и за другите.
На крајот, ќе се зголемат даноците, со што ќе ја ‘наплатат’ оваа злобна измама, како и несоодветната потрошувачка и ниски камати во последниве три децении.
Ковид-19 е едноставен начин да се ‘откријат околностите’ и тоа во време додека се наметнуваат вонредни законски мерки кои што им овозможуваат на владите да спроведуваат драконска социјална контрола во стилот на „1984“.
Тие мерки ќе ја искоренат личната слобода и демократските правила…
Доколку верувате дека рецесијата и спасувањето од 2008-та година беа злобни, тогаш почекајте да видите како ќе се одвива најголемата економска депресија во историјата.
Мора да се одвоите од емоциите и идеологијата. Донесувањето одлуки мора да се темели на статистичка веројатност и користење на точни економски податоци, рационалност, логика и факти.
Цврсто врзете ги безбедносните појаси, затоа што доаѓа силна турбуленција, а трката ќе биде полна со инциденти“ – заклучува тој.