Бидејќи планетата Земја очигледно стана премала за економските амбиции на Кина, официјален Пекинг размислува да развие трговија над нашата планета и да создаде економска зона во сублунарниот простор до 2050 година.

Новата зона ќе опфати простор во близина и помеѓу Земјата и Месечината, рече Бао Вајмин, шеф на Комисијата за наука и технологија при кинеската корпорација за воздушна наука и технологија (КАСТ), пренесува РТ. Агенцијата е главен изведувач на кинеската вселенска програма.

Споменатиот проект може да донесе околу 10.000 милијарди американски долари профит на Кина, според државниот весник Scienece and tehnology daily, повикувајќи се на експерти од индустријата.

Во извештајот за развојот на просторот околу Земјата и Месечината, Бао изјавил дека ова поле има огромен економски потенцијал и затоа официјалниот Пекинг треба да проучува сигурни, евтини системи за воздушен транспорт помеѓу нашата планета и нејзиниот сателит.

Основната технологија треба да биде комплетна до 2030 година, додека клучната технологија за транспорт треба да биде целосна до 2040 година. До средината на векот, Кина би можела успешно да воспостави космичка економска зона, изјавува овој тој кинески службеник.

Кина во последниве години брзо го развива својот вселенски сектор и ја проучува месечината. Во јули, приватната компанија „i-Space“ започна лансирање на возилото како дел од првата успешна орбитална мисија во Кина во комерцијалната вселенска индустрија.

Кина ја лансираше сондата „Промена 4“ минатата година, со која успешно го спушти кинескиот лунарен ровер на темната страна на Месечината на 3 јануари.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк