Туристички агениции и водичи, невладини организации, угостители, издавачи на сместувачки капацитети, уметници, ракотворци и производители на храна од Преспа денеска на плажата Конект во Сливница ќе учествуваат на Вториот туристички саем.
Манифестацијата втора година по ред е во организација на здружението против дискриминација „Женска солидарност“ со поддршка на општина Ресен и е дел од регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Меѓу другото присутните ќе имаат можност да ја погледнат легендата за Преспана, како и богатата културно-уметничка програма со уметници од Ресен и Преспа.
Туристичкиот саем во Преспа е можност на која локалните туристички водичи ќе можат да се сретнат со претставници од туристичките агенции од другите градови, кои ќе можат да посетат сместувачки капацитети и да се уверат во квалитетот на нивните услуги и убавините на преспанскиот крај.