Шпанскиот национален суд го прифати барањето на јавните обвинители да го испитаат работењето на втората најголема банка во Шпанија.
Нејзиниот бизнис е под знак прашалник за наводно плаќање на полицискиот иследник Хозе Мануел Виларекса за индустриска шпионажа, пренесува Танјуг.
Националниот суд соопшти во понеделникот дека ќе ја испита ББВА за наводна корупција, мито и откривање тајни, пренесува АП.
Обвинителите се сомневаат дека ББВА му плаќала на Виларекса неколку години за нелегално собирање на чувствителни информации.
ББВА негираше какво било лошо работење и започна своја истрага, но Националниот суд го отфрли тврдењето на банката дека е оштетена од активностите на Виларекса.
Виларекса останува во притвор откако беше уапсен во 2017 година под одвоено обвинение во врска со полициската истрага за операцијата „Тандем“ што подразбираше наводно шпионирање, вклучувајќи прислушување и снимање.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк