„Sowa Labs“, сопственост на „Borse Stuttgart“, минатата недела ја објави апликацијата, посочувајќи дека услугата ќе биде достапна од септември. Првично, апликацијата ќе поддржува тргување со биткоин, етериум, „XRP“ и лајткоин.

 

Во иднина, на листата ќе бидат додадени уште криптовалути, бидејќи на веб-страницата на компанијата се вели дека инвеститорите наскоро ќе можат да инвестираат во повеќе „средства“. Апликацијата, која се вика „Bison“, ќе може слободно да се преземе, а првично нема да се наплаќаат провизии при трговијата. Прототип на услугата беше презентирана на настан што се одржа во Штутгарт, објави „CoinDesk“.

 

,,„Bison“ ја прави лесна трговијата со виртуелни валути. Ова е првата крипто-апликација во светот која има традиционален пазар на акции зад неа“, вели Ули Спанковски, извршен директор на „Sowa Labs“. Берзата во Штутгарт во декември ја купи „Sowa Labs“. Параметрите од трансакцијата не се познати, но според „finextra.com“, тоа е 7-цифрен износ во евра. Не само „Borse Stuttgart“ има во план да влезе во светот на криптовалутите преку подружница.

 

Минатиот месец, берзата во Торонто објави слични планови, фокусирајќи се на услугата за тргување со етериум и биткоин. Се очекува нивниот проект, повторно да биде управуван од подружница, а светот може да го очекува во вториот квартал од 2018-та година.