Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари.
Оваа година, собраните финансиски средства беа наменети за организацијата „PAWSITIVE IMPACT”, проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондацијата Импакт, непрофитната организација АМОС Шелтер и Општината Маврово и Ростуша. На хуманитарниот велеслалом годинава беа собрани 852.000 денари од котизации, а земаа учество рекорден број скијачи – 71 екипа со 213 натпреварувачи во категориите: девојки, мажи до 40 години, мажи над 40 години и сноуборд.
Комерцијална банка АД Скопје ја претставуваа 4 екипи со 12 скијачи. Во финалната трка во категоријата мажи над 40 години од Банката се квалификуваа двајца вработени, при што Солески заврши на пиедесталот со освоено 2 место, а Роберт Урошевиќ беше 10-ти. Ова е одличен успех на Солески бидејќи извози втор во конкуренција и на поранешни професионални скијачи. А, Банката уште еднаш потврди дека е секогаш подготвена за поддршка на организации и на поединци на кои таа им е потребна.