Српскиот претседател Александар Вучиќ излезе со рекордно позитивни показатели за економијата, со акцент на невработеноста.

„Стапката на невработеност е 8,9 отсто, тоа е најниска стапка на невработеност со методологија која не ни одговара по ова прашање бидејќи не ни ги сметаат сезонските работници за вработени. Без разлика, ова е најниската стапка на невработеност во Србија во нејзиниот современ период, што ќе рече во нејзината историја“, изјави Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

Тој напомна и дека во периодот од јануари до август 2022 година приливот на странски директни инвестиции изнесува две милијарди 666,3 милиони евра, додавајќи дека е забележан и мал раст во однос на рекордната 2021 година, кога тој изнесуваше две милијарди 634 милиони.

Според Вучиќ, најголеми се инвестициите од Кина, Јапонија, Германија, Франција итн.