Нa „Wall Street“ вчера индексите пораснаа трет ден по ред, но главно се тргуваше внимателно, затоа што се чекаат податоците за инфлацијата во САД, кои би можеле значително да влијаат на пазарот.
На најголемата светска берза цените на акциите пораснаа трет ден по ред, со што продолжи опоравувањето од минатонеделниот остар пад, најголем во последниве две години.
Dow Jones“ порасна за 0,16 %, нa 24.640 бодови, додека „S&P 500“ забележа раст за 0,26 %, нa 2.662 поени, a „Nasdaq“ индексот порасна за 0,45 %, на 7.013 бодови.
Раст на цените беше забележан во девет од 11-те најважни сектори на „S&P 500“ индексот, при што предводеше оној за недвижнини со раст од 0,5 %. Меѓу најголемите добитници беа и неколку акции на технолошките гиганти, како што се „Amazon.com“ и „Apple.
Во последните три дена индексот „S&P 500“ забележа раст од 3,2 %, но и натаму е во минус од 7,3 % во однос на своето рекордно ниво достигнато на 26-ти јануари.
Поради тоа што пазарите уште не се стабилни инвеститорите вчера беа многу внимателни.
Аналитичарите велат дека податоците ќе бидат клучни за краткорочното движење на пазарот, со оглед дека на почетокот на февруари податоците за силниот раст на вработеноста и платите предизвикаа остар пад на цената на акциите, токму поради стравот дека зголемувањето на потрошувачката ќе ја подигне инфлацијата, а го најави ФЕД со забрзување на темпото за зголемување на каматите.
За внимателноста на инвеститорите укажува и обемот на тргување. На американските берзи сопствениците замениле 6,4 милијарди акиции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 8,4 милијарди.
А на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот индекс „FTSE“ падна за 0,13 %, на 7.168 поени, додека франкфуртски „DAX“ се намали за 0,70 %, на 12.196 бода, a париски „CAC“ оствари пад од 0,60 %, на 5.109 поени.