Бронзената статуа на бик поставена пред американската берза во Њујорк нареднве денови ќе биде преместена на побезбедна локација
Статуата поставена на фреквентен дел од Вол Стрит, ќе биде преместена од таму. Според портпаролот, бикот се преместува поради безбедност на њујорчаните, а точната нова локација сè уште не е откриена, пренесуваат медиумите.
Статуата привлече поголемо внимание откако стана собирно место за голем број демонстрации, особено на протестите „Окупирај го Вол Стрит“ кога во 2011 луѓето со недели се собираа пред неа за да го искажат незадоволството од економската нееднаквост. Неодамна, на 7. октомври, за време на протест против климатските промени врз статуата беше истурена лажна крв, со цел да се илустрира опасноста од голбалното затопливање по животната средина.
Официјалните лица велат дека по информациите за релокација, се создал долг ред луѓе кои сакале да се фотографираат со познатата скулптура на бил од бронза, дело од американскиот скулптор со италијанско потекло Артуро ди Модиче. Самиот автор се спротивставува на преместувањето на бикот од локацијата за која всушност е направен.
Скулптурата на бикот е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3,200 килограми. Таа покажува разјарен бик, подготвен да нападне и со изгледот оддава израз на моќ и сила.
Денес, скулптурата е популарна туристичка дестинација која привлекува илјадници луѓе на ден, важи за една од најпознатите глетки во Њујорк и икона на Вол Стрит.
Според некои убедувања, триењето на носот и роговиоте на бикот носи среќа.