Американскиот претседател Доналд Трамп се закани минатата недела дека ќе ги наметне царините за увоз на челик и алуминиум, поради што инвеститорите се уплашија од евентуална појава на трговска војна.
Европските берзи забележуваат различни резултати, додека акциите на Волстрит паѓаат, бидејќи инвеститорите стравуваат од појава на трговска војна што ќе го попречи растот на глобалната економија.
Италијански берзански индекси беа во црвено, Францускиот индекс Kak 40 се движеше некаде помеѓу скромни добивки и загуби, германскиот DAX се зголеми за 0,7 проценти, а Велика Британија ФТСЕ 100 за 0,1 отсто, според АП.
Во САД, акциите беа во пад, при што индексот S&P 500 ослабе за 0,5 отсто на 2.678 поени, Dow Jones за 0,5 проценти на 24,418 поени, а Nasdaq падна за 0,6 отсто на 7.217 поени.
Американската “лесна” нафта (WTI) поскапе за 12 центи до 61.37 долари за барел, додека во Северното Море од типот “брент” порасна за шест центи на 64,43 долари за барел.