Американската компанија за онлајн плаќање PayPal дополнително се проширува во Европа преку лансирањето на својот меѓународен сервис за трансфер на пари Xoom во 31 европска држава, вклучувајќи ја и Македонија.
Xoom на корисниците им овозможува трансфер на пари во повеќе од 130 земји во светот, како САД, Канада, Кина, Британија, Индија, Пакистан, Нигерија, Кенија, Полска, и сега Македонија.
Од компанијата истакнуваат дека лансирањето на Xoom во Европа ќе им помогне да го зголемат својот удел во светскот пазар за трансфер на пари вреден 689 милијарди долари.
Сервисот Xoom има склучено партнерство со голем број банки и финансиски компании со цел олеснување на процесот на трансфер на пари низ светот.