Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0.9 % на годишно ниво.

 

 

Во февруари 2018, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во групите Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка.

 

 

Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи заширокапотрошувачка за 1.6 %, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.