Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, за градежни материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска државниот завод за статистика…
Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, за градежни материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска државниот завод за статистика.
Ако ги споредиме истите периоди годинава и лани трошоците што ги правеле градежниците за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 5,2 проценти, а за материјали за 11,6 проценти, трошоците за вработените се повисоки за 12 проценти.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.