Бројот на домашни туристи во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 6,5 отсто, а на ноќевањата за 3,3 отсто, а кај странските за 1,5 проценти, а ист е процентот и на регистрирани ноеќавања.
Во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,4 проценти, кај домашните туристи за 5,4 проценти, а кај странските за еден процент. Во првите четири месеци споредено со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување на ноќевањата за 0,8 проценти, кај домашните за 4,4 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.
Најмногу туристи имало од Турција, по која следат туристите од Бугарија, Грција, Германија, Косово, Полска, Кина, Италија,…. Најпосетени дестинаци биле Скопје и езереските места, по што следат планинските, бањските и останатите локации.