Бројот на работници во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, се зголемил за 3,8 проценти. Во периодот јануари – декември 2023 година, споредено со истиот период од 2022 година, е евидентирано зголемување на бројот на работници во индустријата од 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Податоците на ДЗС покажуваат дека бројот на работници во секторот рударство и вадење камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст од 6,3 проценти, а во секторот преработувачка индустрија пораст од 4 проценти. Опаѓање од 1,8 проценти е регистрирано во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст кај енергијата – за 3,7 проценти и кај капиталните производи за 18,7 проценти, додека бележи опаѓање кај интермедијарните производи, освен кај енергијата.