И ние се грижиме за твоите лични финансии и затоа те советуваме: Личните финансиски податоци треба да ги знаеш само ти и затоа не ги споделувај со никого!

За безбедно користење електронско банкарство секогаш имај ги на ум следниве корисни совети:

  • Не споделувај број на сметка или картичка, лозинка, ПИН или CVC код преку телефон, e-mail, Вибер, СМС – банката никогаш нема да ги побара од тебе.
  • Користи силна лозинка – која содржи букви, бројки и симболи и менувај ја често.
  • Избегнувај јавна Wi-Fi мрежа – користи личен, сигурен интернет за пристап до платежната сметка.
  • Биди внимателен со фишинг пораки – измамниците често испраќаат е-пошта или пораки кои изгледаат легитимно, но водат до лажни страници.
  • Редовно следи ги трансакциите – често проверувај ги твоите сметки и трансакции.
  • Реагирај брзо – ако забележиш сомнителна активност или трансакција, веднаш пријави ја во банката.
  • Ажурирај го софтверот – редовно ажурирај ги апликациите за електронско банкарство.

Еден од приоритетите на Комерцијална банката е грижата за твоите лични податоци. При користење на Интернет банка, внимателно прочитај ги сигурносните препораки.

Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им користи.