Синдикалната минимална кошница во септември оваа година, според Сојузот на синдикати на Македонија, била 33.621 денар.

Традиционално, најголемиот дел од трошоците отпаѓаат на храна и пијалаци – 14.064,50 денари.

Потоа следуваат трошоците за: превоз (2.466 денари), хигиена (2.379 денари), обувки (2.138 денари), домување (1.788 денари), култура (1.066 денари) и одржување на здравје (716 денари).