Македонија за две години од третото потона на 18-то место според директните странски инвестиции, објави британскиот „Фајненшел Тајмс“. Во својот специјализиран сервис весникот го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите, ФДИ, за 2018, од кој се гледа дека Македонија тоне и „блеска“ само во изјавите и прес-конференциите на премиерот, министрите и прес-конференциите на СДСМ.

Според ранг листите за странски директни инвестиции, Македонија бележи огромен пад за само две години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.

Во 2016 година државата беше на високото 3-то место, а за само две години по смената на власта, Македонија доживеа пад од 15 места и сега се наоѓа на 18. место.

Се потврдува тезата на опозицијата дека странски инвестиции во Македонија нема, а она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на компаниите кои веќе работат во економските зони.

Според „Фајненшел Тајмс“, соседна Србија, иако не е кандидат за членство во Алијансата, е светски рекордер според влезот на директни странски инвестиции.