Зголемувањето на цените на бензините на светските берзи го активираа механизмот за постепено укинување на воведена акциза како кризна мерка за време на корона кризата.
За еден денар се намалува акцизата на бензините од 3 на два денари и заедно со намалувањето од половина денар со кое се опфатени сите горива, новата малопродажна цена на бензините ќе биде за денар и пол пониска. Но акцизата кај дизелот останува иста односно 3 денари бидејќи според пресметките потребно е дизелот на светски берзи да порасне за уште околу 30 долари во просек како услов да се намали и таму акцизата за еден денар.
Уредбата со која е воведена акцизата од три денари за нафтените донесена во периодот кога драстично паднаа цените на нафтените деривати на светските берза и заради корона кризата, предвидува и постепено укинување на акцизата како ќе растат цените.
Новите цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ се за половина денар пониски односно бензините со намалувањето од денар и пол ќе бидат по цена од 60 денари за 95 октанскиот и 62 денари за 98 октанскиот додека дизелот со новата цена ќе биде 53 денари и екстра лесното или црвената нафта ќе биде 52,5 денари со што се изедначува со дизелот за да нема простор за малверзации .
Регулаторната комисија најави дека следната недела ќе одлучува за новите цени на електричната и топлинската енергија со оглед на фактот што државните енергетски компании имаа намален извоз на струја од 22 милиони евра лани годинава на 5 милиони евра заради намалената потрошувачка во регионот а двојно се намелени и парите кои се земаат за меѓу граничен пренос од 22 милиони евра лани на 11милион евра годинава.