Во еден месец регистрирани се нови 927 невработени, додека од почетокот на кризата до сега без работа останале 18.226 лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Според таа евиденција, бројот на невработени лица на крајот на февруари изнесува 159.608 лица. Во февруари евидентирани се нововработени 3.185 лица и 5.440 кои стекнале статус на невработено лице.
Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31.293 се од Скопје, 20.781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11.765 Гостивар, 6.742 во Битола, 4.468 во Штип….
Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21360 ица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17890 и од 45 до 49 години 16927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17764.
Инаку до крајот на оваа работна недела истекува рокот од 30 дена во кој невработените лица кои ги надмиле роковите за пријава во евиденција можат да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели.
Агенцијата даде рок од 30 дена почнувајќи од 19 февруари, заклучно со 19 март 2021 година.