Лебот и житата поскапи за 3,3 проценти, зеленчукот за 6,8 проценти, месото за 1,8 проценти, рибите и морските плодови за 2,1 процент. Трошоците за живот на македонските граѓани гледани по статистичкиот индекс во 2019 година во однос на 2018 година пораснале за само 0,8 проценти, но гледано по ставки, статистиката покажува дека индексот за една година најмногу пораснл токму кај основните намирници неопходни за живот.
Така вкупно трошоците за храната и пијалоците лани во однос на претходната година се повисоки во просек за 1,6 проценти, на алкохолот, тутунот и наркотиците пораснале за 5,6 проценти, сумите за набавка на мебел, покуќнина и за одржување на домот за 1,2 процени. Средствата пак кои едно домаќинство требало да ги одвои за здравствена заштита се повисоки за 2,7 проиценти, а за рекреација и култура за 1,6 проценти- покажуваат податоците за трошоците за живот на државниот завод за стаистика.
Само сумите за мебел и покуќнина биле повисоки за 2,5 проценти исто колку и цените на малите апарати за домаќинствата.
Податоците на статистика во ставката здравје пак покажуваат дека сумите за сите медицински услуги и прозводи пораснале. Најмногу за 5,4 проценти пораснале вонболничките здравствемни услуги, за 6,7 проценти медицинските и парамедицинските услуги и за неверојатни 8,5 проценти биле повисоки цените на болничките услуги.
Потоа сумите за купување на моторни возила пораснале за 5,6 проценти, услугите за култура за 4,2 проценти, а туристичките пакет аранжмани за неверојатни 12,1 процент.
Трошоците на живот и цените на мало во јануари годинава пак се зголемени за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2019 година бележат пораст од 0,6 проценти.
Пораст на трошоците на животот во јануари во споредба со претходниот месец има кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,7 насто, свежото и разладеното овошје за 1 процент, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,6, млекото, сирењето и урдата за 0,3, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 насто.
Пораст на трошоците на животот има и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34,3 проценти, електричните апарати за лична хигиена за 4,3, велосипедите за 3,0, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,9, гасот за домаќинствата за 1,5, телефонот и телефакс-опремата за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, другите печатени материјали за 0,8, моторните возила за 0,7, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,4, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0,3, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0,2 процента.
Намалување на трошоците на животот, пак, е забележано кај месото за 0,8 отсто, виното за 0,3 и жестоките пијалаци за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,5 проценти, обувките за 2,2, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,6, медиумите за снимање за 0,9, мебелот и покуќнината за 0,6, облеката за 0,4, теписите и другите подни покривки, другите медицински производи за 0,3, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз, другите лични предмети за 0,2 проценти.