Повеќе од 200 договори со кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, потпишале општините, а само два ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. Тој најави и дека се очекува адаптацијата на предлог измените на Законот за локална самоуправа да заврши до крајот на март, а потоа да почнат консултации со сите парламентарни политички партии и да се отвори дискусија за новото законско решение.