Пратеничката Моника Зајкова денес објави дека поднесува предлог измени на Законот за платежни услуги и платни системи,со кои ќе треба да се намалат трошоците за банкарските услуги.
Претседателката на ЛДП најави дека ќе лобира кај сите пратенички групи за да се заштити стандардот на граѓаните. Таа смета дека овие трошоци треба да бидат регулирани законски, а не со интерни банкарски прописи и побара да се гласа во најбрзо можно време.
– Граѓаните не се должни да ги богатат банките, не смее да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна,дебитна или кредитна картичка. Кога една сметка ќе биде прогласена за неактивна, банката не смее понатака да наплаќа никакви надоместоци Ќе се укине услугата за онлајн плаќање, провизијата за проверка на состојба на сметка на банкомат, намалување на провизијата за повлекување на пари од банкомат итн, рече Зајкова.
Таа додаде дека ова се непотрбни трошоци и дека без нив илјадници денари ќе се вратат во џебовите на граѓаните. Не кажа дали има поддршка од другите партии, но потсети дека предлогот бил поднесен и лани но не бил изгласан.