Претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ, врачи договори во вредност од 310 милиони динари за доделување грантови на шест локални самоуправи за кофинансирање на инфраструктурна опрема на индустриските и деловните зони во Војводина, инормира Танјуг.

Како што соопштија од покраината, станува збор за градежни, доградби, реконструктивни и рехабилитациони работи во областа на сообраќајот, комуналната, електроенергетската, топлинската и телекомуникациската инфраструктура, како и управувањето со индустрискиот отпад и пречистувањето на отпадните води.

Според Мировиќ, тоа ќе овозможи инвестиции во индустриско-деловните зони „што ќе значат и нови работни места“.

„Постоечките фабрики во зоната како онаа во Сомбор ќе ги прошират своите капацитети и ќе отворат 300 нови работни места. Ќе има 100 нови вработувања во две компании во зоната во Кула, 50 во Србобран, додека инфраструктурата продолжува во Зрењанин и Кикинда, а почнува изградбата на нова индустриска зона во Тител“, рече тој.