Со неодамнешните измени во законската регулатива која се однесува против перењето пари и финансирањето на тероризам, Банката на Албанија одлучи да го укине ограничувањето за отворање банкарска сметка само со физичко присуство на клиентот, пренесува весникот Шпигел.
Според новите правила во Албанија, небанкарските финансиски институции имаат можност да отворат банкарска сметка за своите нови клиенти, дури и во случај кога трето лице ги претставува преку полномошно.
Меѓутоа, во случаите кога се бара т.н. „зголемено внимание“ над нивните клиенти, физичкото присуство на клиентите и нивните претставници (во случај на правни лица) е задолжително пред да се воспостави (нов) деловен однос.