Министерот за економија Крешник Бектешки на својот фејсбук профил објави дека откупната цена на тутунот од прва класа “ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година ќе биде повисока за дополнителни 35 денари.
Оваа одлука по мислење на Министерството за економија беше усвоена на денешната седница на Владата.
Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите.