Редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција објавено денес донесува податок дека за 432 милиони евра, односно за 11 проценти се зголемил нето надворешниот долг во последниот квартал од минатата година. Со тоа, вкупниот нето-износ на надворешниот долг е 4.349 милиони евра, што претставува 33,7 отсто од проценетиот БДП), информираат од Народната банка.
Гледано според структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64 проценти.
Според НБРСМ, во текот на четвртиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2 отсто од проценетиот БДП за минатата година.