Најмалку една четвртина од американската економија одеднаш престана да работи поради пандемијата, според анализата подготвена за „Волстрит журнал“. Економистите велат дека такво нешто никогаш не се случило во историјата. Студијата била спроведена од „Мудис аналитика“.

Иако осум на секои десет окрузи во САД се во ограничен режим заради коронавирусот, анализата покажува дека тие се одговорни за скоро 96% од националната економија. 41 држава нареди барем некои бизниси да ги затворат вратите за да ја ограничат дистрибуцијата. Ресторани, универзитети, спортски сали, кина, паркови, бутици и милиони други „мали бизниси“ престанаа да работат. Сето тоа резултираше со пад на економската активност од 29% во однос на првата недела од март.

Марк Занди, главен економист во „Мудис аналитика“, не верува дека американската економија може да го одржи овој пад уште два месеци. Ако тоа се случи, БДП ќе пропадне за 75% во вториот квартал, проценува тој. Тој рече дека многу земји ќе олеснат барем некои од мерките пред летото, при што економијата паѓа на 30% во вториот квартал на годишна основа.

Повеќето економисти очекуваат активноста да се врати на повисоко ниво во текот на летото или есента. Но, падот на дневна основа – сè додека трае – е застрашувачки.

Помеѓу 1929 и 1933 година, за време на Големата депресија, економската активност падна за 26%. За време на рецесијата во 2008 година, падот беше 4%.

Анализата исто така покажува како судбината на националната економија е непропорционално поврзана со големите урбани области. Една десетина од падот се поврзува само во три окрузи: Лос Анџелес, Њујорк (Менхетен) и округот Кук (Чикаго).

Околу 10 милиони луѓе ги загубија своите работни места во САД за две недели. Овие луѓе ќе ги намалат нивните трошоци, што ќе влијае и на компаниите кои сè уште работат.