Сите ги забрануваат, а Швајцарија ги прифаќа криповалутите.

Швајцарија ќе биде најновата земја која целосно ќе ги прифати криптовалутите и нивниот развој како и почетните крипто понуди на финансискиот пазар, секако под одредени пропишани услови во новата регулатива која е модерна и соодветна на пазарот.

Швајцарската агенција за финансиска супервизија на пазарот (FINMA) откри дека ќе дозволи да се развиваат криптовалути базирани на токени и блокчејн технологија и дека нема да го попречува работењето на иноваторите кои имаат квалитетни и напредни идеи, но ќе постави правила на игра за заштита на самите инвеститори и финансискиот пазар.

 

Според FINMA криптовалутите имаат огромен потенцијал за примена во реалната економија и надминување на обиечен финансиски инструмент на пазарот на капитал, па затоа Швајцарија ќе има проактивна улога наместо да ја забранува оваа возбудлива технологија.